Премиерот Заев пред неколку дена напиша дека лани во Македонија биле вработени 40 илјади граѓани на нови работни места без да каже каде и во кои фирми се вработени луѓето.
Сега повторно зборува на иста тема зборувајќи за 4000 вработувања но во лагите не знае дали да напише дека тие веќе работат или дека ќе вработат во иднина.
Како резултат на дилемата што да напише имаме реченица која што нема никаква логика, и е целосно неразбирлива.
“Многу скоро ќе станеме дел од НАТО – безбедна држава, со стабилизирана економија. За година и пол дојдоа 17 нови инвестиции, КОИ ВО ЌЕ вработат повеќе од 4.000 луѓе”, пишува на официјалниот профил на Твитер на Заев кој вели дека “Ќе нѐ биде!”и притоа не пишува Македонија туку користи симбол на македонското знаме ??.
Внимавајте се работи за официјалниот профил на премиерот кој не знае дали луѓето работат или допрва ќе работат.





