Шпанија, Франција, Велика Британија, Шведска и Данска, го признаа Хуан Гуаидо за привремен претседател на Венецуела во координиран потег по истекот на рокот кој му беше даден на актуелниот претседател Николас Мадуро да свика претседателските избори.
„Со оглед на тоа што режимот на Мадуро не презеде никакви чекори кон [свикување избори], владата на Шпанија објавува дека официјално го признава г-дин Гуаидо, претседател на Венецуелското собрание, запретседател задолжен за Венецуела“, изјави премиерот на Шпанија, Педро Санчез, за новинарите во Мадрид.
Џереми Хант, министер за надворешни работи на Велика Британија, го соопшти признавањето на Гваидо на Твитер.
„Николас Мадуро не свика претседателски избори во рамките на 8-дневниот рок што го поставивме. Значи, Велика Британија заедно со европските сојузници сега го признава @ jguaido како привремен уставен претседател додека не се одржат веродостојни избори. Да се надеваме дека ова ќе не приближи до крај на хуманитарната криза“, напиша Хант.
Претседател Николас Мадуро синоќа изјави дека не може да ја отфрли можноста за граѓанска војна, доколку не попушти притисокот врз неговата земја.
Во телевизиското интервју за шпанска телевизија тој, го отфрли ултиматумот од ЕУ за распишување на предвремени избори, кој истече синоќа.
Запрашан дали кризата во Венецуела може да резултира со граѓанска војна, Мадуро одговори:
„Денес никој не може со сигурност да одговори на тоа прашање“.





