Во интервју за Си-Би-Ес, американскиот претседател не исклучи американската воена интервенција во Венецуела.
„Па, не сакам да го кажам тоа“ реше Трамп одговарајќи на прашање и додаде дека „секако тоа е нешто – тоа е опција“.
Доналд Трамп информираше дека претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, побарал состанок „пред неколку месеци“,но дека тој го одбил.
„Тогаш одлучив ‘не’, бидејќи во Венецуела се случуваа многу навистина ужасни работи“
Минатата недела, неколку земји, предводени од САД, го признаа Хуан Гваидо, претседател на Венецуелното Национално собрание, како привремен претседател на државата.





