Танасис Папакристопулос, одлучи да не се откаже од своето пртанеичко место, како што најави, откако претседателот на парламентот, Никос Вуцис, побара од него да почека додека пратениците гласаат заа Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, следната недела, пишува „Катимерини“.



Пратеникот, кој ја поддржа владата при гласањето за доверба и го поддржа договорот од Преспа, рече дека оставката ќе ја поднесе по гласањето за протоколот, кое се очекува во четврток.

Одложување на оставката се чини е поврзана со плановите на владата за промена на парламентарните регулативи кои ќе му овозможат на помалиот коалициски партнер да ја задржи својата парламентарна група и покрај тоа што е во опасност да падне под минимумот од пет пратеници.