Македонскиот филм „Медена земја“ во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, триумфираше меѓу документарците од целиот свет на американскиот филмски фестивал „Санденс“ („Sundance“).
„Медена земја“ („Honeyland“), ja доби големата награда на жирито за најдобар документарен филм, а на снимателите Фејми Даут и Самир Љума им беше врачена наградaта за најдобра кинематографија.
Документарецот го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена (Special Jury Award for Impact for Change), пренесува МКД.МК.





