Премиерот Зоран Заев утре ќе ја предводи македонската делегација во официјална посета на Бугарија. Премиерот ќе биде придружуван од македонска делегација во која ќе бидат и министерот за култура, Асаф Адеми, како и националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски.



Програмата започнува со заедничко положување на венец пред спомен-бистата на Гоце Делчев во градскиот парк „Борисова градина“ по повод 147-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер.

Предвидена е средба на премиерите Заев и Бојко Борисов за соработката на двете земји во повеќе области, а министрите за култура, Боил Банов и Асаф Адеми ќе потпишат „Програма за соработка во областа на културата“ меѓу Република Бугарија и Република Македонија.