Ципрас го спасува Каменос

Танасис Папакристопулос, не се откажа од своето пртанеичко место, како што најави, откако претседателот на парламентот, Никос Вуцис, побара од него да почека додека пратениците гласаат заа Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО, следната недела.



Пратеникот, кој ја поддржа владата при гласањето за доверба и го поддржа договорот од Преспа, рече дека тоа ќе го стори по гласањето за протоколот, кое се очекува во четврток.

Одложување на оставката се чини е поврзана со плановите на владата за промена на парламентарните регулативи кои ќе му овозможат на помалиот коалициски партнер да ја задржи својата парламентарна група и покрај тоа што е во опасност да падне под минимумот од пет пратеници.

Познавачи на приликите коментираат дека дека промените кои ќе се најдат во парламентот во понеделник  ќе ja зајакнат „Независни Грци“(АНЕЛ) и нејзиниот лидер Панос Каменос.

„АНЕЛ не сака услуга од никого. Сакаме спроведување на парламентарните прописи“ напиша  каменос на Твитер.

Конзервативната Нова демократија реагираше на „невидените“ тактики и го обвини Вуцис за „посредување“ меѓу  поранешните коалициски партнери.