Груевски најави дека ќе се врати – еден ден

Екс-премиерот Никола Груевски во интервјуто за ТВ Сител вели дека имал намера да остане и да ја отслужи затворската казна во Македонија, иако неправедна, како што вели, но добил информации дека можело да биде ликвидиран во затвор.



Тој не кажа од кои ги добил таквите информации но потенцираше дека не избегал од правдата, дека до последен момент, како што рече, се борел на суд.

Груевски порача дека еден ден ќе се врати во Македонија и дека не му е во план да живее во Унгарија каде доби азил. 

Еден ден ќе се вратам, не сум дојден тука да живееам туку да се засолнам од политички прогон“, рече премиерот кој во почетокот на ноември минатата година побегна во Унгарија.