(…)„ За разлика од 2009 година, концептот на консензуален претседател е уште понеизводлив во сегашните околности. На крајот на краиштата, СДСМ не доби мнозинство од гласовите на последните парламентарни избори. ДУИ помина уште потешко, бидејќи освои само 35% од гласовите на Албанците“, пишува весникот “Независен“ околу можноста за избор на консензуален шеф на државата.



„Со тоа, ни СДСМ нема право да зборува во име на мнозинството Македонци, а камоли ДУИ во име на Албанците.

Затоа каков било договор за заеднички кандидат меѓу коалициските партнери треба да се чита како обичен политички договор помеѓу политички партии за заеднички настап на избори. Во никој случај, тоа не може да биде консензуален претседател на сите граѓани, бидејќи овие партии не претставуваат мнозинство на ниту една граѓанска или етничка групација“, пишува „Независен“.