Комисијата препорача одземање имунитет на пратеникот Димовски

Надлежната собраниската комисија со 5 гласови „за“ и 4 „против“ и ниту еден воздржан, изгласа Собранието да му го одземе имунитетот на пратеникот на Социјалистичката партија Љупчо Димовски, по барање на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.



Павле Богоевски, претседател на Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања рече дека условите за одземање на имунитетот на Димовски се исполнети, и истиот треба да му биде одземен, а потоа да одлучува Судот.

Претеникот Влатко Ѓорчев оцени дека ова е класична одмазда зашто не ја прифатил уцената да гласа за промена на уставот.

„Не го ставаме ние колегата во притвор(…) Да го оставиме судот да си ја заврши работа. Ние сме тука да разгледаме дали се исполнети условите за одземање на имунитетот. Моето мислење како пратеник е дека условите се исполнети, имунитетот треба да биде одземен и судот треба да одлучува“, рече Богоевски.

Дали ќе му биде одземен имунитетот на пратеникот, ќе се гласа на пленарна седница на Собранието најверојатно во понеделник.