„Од Македонија заминав многу едноставно. Заминав  во Албанија. Се пријавив во Унгарската амбасада во Тирана каде што побарав политички азил’ рече поранешниот премиер Никола Груевски кој во ноември „ја напушти“ Македонија на засега непознат начин за да го избегне издржувањето на двегодишната затворска казна.



Во интервју за „Сител“ попладнево, прво, по неговото бество, Груевски вели дека по добивањето азил при патувањето имал третман ан поранешен премиер.

„Дојдов  во Унгарија на начин што беше одлучено по одредени нивни внатрешни консултации  поради фактот што долги  години бев претседател на Влада, поради безбедносни причини добро  е да бидам транспортиран на некој начин до Унгарија“, речеекспремиерот Никола Груевски за Сител.

Премиерот, кој побегна на почетоот на ноември вели дека актуелните власти не му помогнале во бегзтвото.

“Не ми помогна власта, да може нешто лошо да ми направи би ми направила, но да ми помогне не”, одговори Груевски на прашањето на новинарката на „Сител“ во интервјуто кое во целост ќе биде емитувано вечерва.