„Западен Балкан, речиси сигурно, ќе биде под одреден ризик од насилство на ниско ниво и можен отворен воен конфликт во текот на 2019“, оценува американската разузнавачка агенција НСА.
Првиот човек на Агенцијата Ден Коатс, во извештајот што го претставил пред Сенатот, како закана посочува на Русија.
„Русија ќе настојува да ги искористи етничките тензии и високите нивоа на корупција за да спречи земјите од овој регион да се придвижат кон ЕУ и НАТО“.





