Горан Стефановски ќе добие споменик спроти скопска „Идадија“

Општина Центар ќе подигне споменик на македонскиот драматург Горан Стефановски во Дебар Маало, по иницијатива на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).



Спомен-обележјето на Стефановски ќе се наоѓа на триаголниот парк во Дебар Маало, спроти ресторанот ‘Идадија’“, соопштија од Општина Центар.

Горан Стефановски почина во ноември минатата година на возраст од 66 години по кратко, но тешко боледување. Последните години од својот живот ги помина во Англија, во близина на Лондон.