Универзитетскиот професор, Жидас Даскаловски во интервју за Прес24, вели дека професорката Гордана Силјановска е најдоброто решение кое може да ја врати надежта во Македонија.

„Кога сме на дното, а Македонија и Македонците се таму, ни треба надеж, ни требаат луѓе на кои може да се ослониме дека правилно ќе ја водат земјата напред. Гордана Силјановска е човек со интегритет, професор со меѓународно педигре, активен мислител и бранител на правото и правдата. Ние потписниците сметаме дека таа треба да е идниот Претседател и сакавме да влијаеме таа сериозно да ја разгледа опцијата да се кандидира, вели Даскаловски во интервју за Прес24.





