Името му е Бесим Абдулаи, по занимање е “Бизнис информатичар”.
Роден е во Тетово, завршил факултет во Приштина, магистрирал на Штуловиот универзитет а докторира во Виена.
Има едноставно барање до македонските власти и странските дипломати:

“Сите криминалци во затвор, тоа е моето мислење, вклучувајќи ги и Али Ахети, Бујар Османи и многу други”, пишува храбро Бесим Верди Абдулаи.
Во неговото Си-Ви пишува дека е дел од автохтона албанска фамилија од Тетово.
Очигледно не се плаши јавно да побара затвор за раководстството на ДУИ.
Меѓу осумтемина што ставија лајк во првите два часа од твитот немаше ниту еден Албанец. Сите се Македонци меѓу нив и некои кои се етикетирани како националисти.






