Во истрага поврзана со злоупотреби на земјоделска помош и издавање на државно земјоделско земјиште утрово се приведени поранешни министри и заменици за земјоделство, дознава ТВ Телма.
Во акцијата на МВР приведени се поранешните министри Ацо Спасеновски и Михаил Цветков, како и поранешниот заменик министер Кристијан Делев. Полицијата се уште трага по Љупчо Димовски кој е актуелен пратеник.





