Нова контраверза на Заев: Лани 40 илјади нововработени

Премиерот Заев тврди дека лани владата отворила нови 40 илјади работни места.



“Минатата 2018 година ја завршивме со нови 40.000 работни места. Во 2019 година, очекувам невработеноста од 20,8% да ја намалиме за да може да дојдеме на 15-16%.

Тоа се илјадници ново-вработени граѓани коишто ќе можат да ја планираат својата иднина, тука во нашата Македонија”, вели во својот пост на Твитер на кој вообичаено има коментари кои не се погодни за пренесување на медиумите.

Заев не нуди никаков преглед на работните места, во кои гранки се ниту во кои региони.

Највисокиот број на нововработени во времето на ВМРО-ДПМНЕ и тоа кога се отвораат Џонсон Мети и другите големи инвестиции беше 19 илјади годишно.

Каде се вработени 40 илјади луѓе во 2018 како што тврди Заев засега никој не знае.