Новинар близок на премиерот доби пристап до државни тајни за рекордни 8 часа

Новинарот Сашо Орданоски добил безбедносен сертификат за пристап до државни тајни од Дирекцијата за Безбедност на Класифицирани Информации – тврди „Економски Лидер“ од каде цитираат извори во Управата за Безбедност и Контраразузнавање.



На новинарот на провладините 1ТВ и Цивил Медиа за еден работен ден односно за 8 часа му бил издаден безбедносен сертификат што е спротивно на постапката за спроведување на безбедносна проверка.

Во законот кој ја регулира ова материја пишува дека за издавање на сертификат за државна тајна процедурата трае до 6 месеци а во одредени околности може да биде двојно подолга од дадените рокови.

Во текот на истрагата експерти за разузнавање треба да проверат дали кандидатот за ваков сертификат имаал контакти со странски служби и оперативци, се бараат и официјални и неофицијални контакти, се проверува проток на пари кон кандидатот и од него кон други ентитети, се проверуваат најблиските роднини дали се инволвирани во работи кои што можат да бидат причина за неиздавање и се спроведуваат ред други процедури кои што најмалку траат десетина дена.

Директорот на Дирекцијата за Безбедност на Класифицирани Информации не исклучува дека на Ордановски за многу кратко време му е издаден сертификат со кој има пристап до сите државни тајни.

Повеќе на лидер.мк