Солза Грчева очекува три работи од новиот претседател

Лидерката на партијата Глас за Македонија, Солза Грчева, на својот профил на Фејсбук посочи три нешта што, според неа, мора да ги исполни новиот македонски претседател.



„Од новиот претседател очекувам:

1. Да биде храбар, а не ниту вода ниту киселина. Само киселина!
2. Веднаш да ги поништи сите противуставни одлуки
3. Да го започне процесот за ревизија на нашиот прием во ООН со двата дискриминаторски услови.

Инаку, не гледам причина да добијам претседател на Северна Македонија. Било кој!“, порача некогашната пратеничка.