Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, е најодговорна за последниот скандал за злоупотреба на 19 милиони евра од Фондот за пензиско осигурување на Македонија, вели пратеникот на ДУИ, Артан Груби.
„Министерката е две години на таа функција и ако биле направени овие погрешни трансфери, тие се направени и во нејзино време, бидејќи трансферите се прават од Министерството со кое раководи таа. Значи одговорноста треба да се бара најпрво кај неа, а потоа и кај другите. Во целиот овој период ние сме имале низа министри, додека поделбата во првиот и вториот столб е направена од времето на Владата на СДСМ-ДУИ уште од 2003 година. Затоа, сакам да кажам, ако има било какви докази таа требала да се обрати во обвинителството и во надлежните органи, а не на прес-конференција, рече Груби.
Тој смета дека Царовска дала „неумерена изјава:
„Во случајов се работи за не толку умерена изјава на министерката Царовска, која можеби се уште мисли дека раководи со некоја невладина организација, а не толку важно министерство со кое раководи. И ќе треба на своите јавни презентации, особено за вакви прашања да внимава на начинот на презентација, бидејќи во случајов и денес се потврди, дека не се работи за злоупотреба на ниту еден денар“,рече пратеникот на ДУИ Артан Груби, во вчерашното гостување на Алсат М.





