Извори во СДСМ се жалат дека додека тие го носат главниот товар на патот кон ЕУ и НАТО и се соочуваат со сериозни критики од јавноста за промена на уставот и името а некои блиски соработници на премиерот Заев остваруваат лични амбиции и кариера.
Истите извори кои инсистираат на анонимност тврдат дека далеку од очите на јавноста Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски го избрале во повисоко звање на неговиот матичен Правен факултет.
Тие тврдат дека со тоа е прекршен законот затоа што на Рашковски како генсек на Владата му мирува работен однос и не смее да се бира во повисоко звање додека е на државна фунција.




