Најчевска: ДУИ го организирал бегството на Груевски, оставки од Спасовски, Дескоска, СЈО…

Се поверојатно е дека бегството на Груевски го организирал неговиот долгогодишен партнер и соработник во криминалот – ДУИ, тврди професорката Мирјана Најчевска која бара отсуството на сериозна истрага и измотавањето со јавноста да заврши.



“Или дајте резултати од истрагата или поднесувајте оставка. Од министер за внатрешни работи, преку министерка за правда, преку Републички јавен обвинител, па судии и секако оние од СЈО кои не побарале притвор за Груевски”, вели Најчевска која предходно ја критикуваше и владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа бегството е очигледно политички организирано и политичарите треба да одговараат.

“Заштитата на организаторите и заташкувањето на трагите кои водат кон политичкиот помагач е кривично дело”, заклучува професорката.