ЗНМ: Не ја етикетирајте ТВ Алфа

Здружението на новинарите на Македонија смета дека коментари со кои на политичка основа се етикетираат медиуми, не придонесуваат за подобар медиумски амбиент и европски вредности,



Повод за овој став на Здружението е изјавата на министерот Роберт Поповски каде се сугерира дека во ТВ Алфа има влијание на структури од претходната власт, 

„Професионализацијата на медиумите, вклучително и на оние кои со години ги кршеа или ги кршат професионалните стандарди е долг процес во кој се бара конечно и целосно одлепување на сите политички влијанија во медиумите, во насока на стандардизирање на етичките и морални принципи на новинарството, а во тој процес сите општествени чинители, вклучително и членовите на Владата треба да бидат повнимателни“, се вели во соопштението на ЗНМ.