Хрватскиот аналитичар Иван Бродиќ, чиј критички осврт на Преспански договор што го пренесе expres.mk предизвика големо внимание, во интервју за весникот „Слободна Далмација“ констатира дека врз Македонците е извршено насилство можеби заради прикривање на егзодусот и геноцидот во Егејска Македонија.



„Како што гледаме, грчкиот парламент го ратификуваше договорот, што беше очекувано, со оглед на големиот ангажман на западната дипломатија во врска со овој проект. Следните чекори се размена на документи за ратификација меѓу двете земји, по што Македонија ќе го информира светот дека повеќе не постои под сегашното име. Неопходно е да се изрази жалење дека оваа одлука не се прекрши таму каде што е создадена, во Грција, која пред 27 години почна да ја блокира Македонија на нејзиниот европски пат, иако тоа е земја која прва беше подготвена за членство во ЕУ од балканските земји.

Многумина велат дека оваа блокада настана за западните сојузници и Грција да го спречат признавањето на егзодусот и единствениот непризнаен геноцид во Европа, оној од 1949 година над Македонците во Егејска Македонија. Јас не знам дали е така, но тоа би објаснило зошто топката на вината за блокирањето се префрли на страната на Македонија и зошто е направено невидено насилство во историјата на Европа против волјата на еден политички народ. Да потсетиме, на минатогодишниот референдум огромното мнозинство Македонци ја одби промената на своето име со уривањето на цензусот за референдумот. Насилниците им го наметнаа решението. Но, ни тоа не е најлошото, во подготовката за ова решение, актуелната македонска влада потпиша и ратификува уште два договора.

За кои договори станува збор?

Едниот е за двојазичноста на територијата на целата земја, дури и таму каде што нема Албанци, а другиот е Софискиот, според кој се одрекува од македонската историја до 1945 година во корист на бугарската историја. Забележително е извинувањето од Зоран Заев е познато затоа поради тоа што неодамна го нарече Илинденско востание македонско.

Колку вториот договор е противприроден блуд ќе ни објасни фактот дека бугарската писменост и црковност, како и добар дел од историјата, се настанати во Охрид, во составот на Архиепископијата на македонски јазик, а која поседувала универзитет со 3.000 студенти и до сто години пред Сорбона. Ист е случајот и со Српска православна црква, но тоа не е тема.

Бугарија доби право да ја надгледува училишната наставна програма на Македонија заради спроведување на Софискиот договор. Токму како и Грција. Бидејќи кај Преспански договор не е најлоша работа промената на името, туку укинувањето на македонското државјанство. Имено, државјанството ќе биде напишано во генитив, а во наставната програма во училиштата ќе бидат исфрлени македонските топоними од употреба за Пиринска и за Егејска Македонија, што е како некој да им забрани на Хрватите Виена да ја викаат Виена.

Да не должиме, поради прикривањето на еден геноцид или нешто друго, беа направени причинско-последична инверзија и насилство врз еден политички народ. За тоа е искористената левицата, по сопствено признание анационална, која во овој случај дојде на власт со судир и конфликт (т.н. шарена револуција, позната по тоа што за целите на протестите уништуваше туѓ имот со шарени), а на тој ист судир се одржува.

Интересно е колку им е лесно на некои на Запад да туркаат еден народ во таков конфликт, да си играат со туѓи животи, бидејќи, верува некој или не, на тивкото мнозинство Македонци им е важен нивниот национален идентитет, она по што се дефинираат. Впрочем, во историјата тоа секогаш била црвената линија што ниту една нација, која одлучила да опстане, не ја преминувала. Од тоа произлегуваат прашања за кои сè уште не е време да се постават гласно, но тоа време е прилично видливо.

Какви се реакциите на македонската опозиција? 

Македонската опозиција смета дека ќе биде можно да се поништат спорните делови од Преспански договор, т.е. уставните промени наметнати со насилство, уцена и политичка трговија, со враќање на власт и/или со влез во европските интеграции, по политички и судски пат. Со оглед на количеството насилство, не сум оптимист, но им ја посакувам сета среќа.

Инаку, главната струја на македонската опозиција, зрело и паметно, го подготвува циклусот на нови избори, од кои први се претседателските, бидејќи актуелната влада не се само споменатите три договори. Таа е и падот на индустриското производство, протерувањето и апсењето странски инвеститори, задолжувањето за една година повеќе отколку за десетте години пред тоа, таа е и запирањето на инфраструктурните работи.

Кога се очекува поканата од НАТО, како и отворањето на вратата на Европска унија?

Се надеваме колку што е можно поскоро, бидејќи на Македонија веќе 20 години ѝ е местото во овие интеграции, таа поддршка беше и до 80 проценти пред 20 години, меѓутоа, поради резигнацијата со блокадата, која се чувствува и денес преку немоќта во спротивставувањето на апатридното и анационално насилство, таа опадна.

Падот на поддршката, исто така, резултираше со институционални проблеми што ги има Македонија. И инаку, освен кај малцинствата кои страдаат од Стокхолмски синдром, Македонците се резигнирани и огорчени од ситуацијата. Бојкотот на референдумот го покажа тоа. А ако не се најде добар кандидат, се плашам од пад на цензусот и на претседателските избори.