Почесниот конзул на Република Македонија во Хрватска, професор Горан Калоѓера, на Фејсбук изрази согласност со професорката Гордана Силјановска која изјави дека би прифатила да се кандидира за претседател на Македонија и дека причина за тоа, меѓу другото се и зборовите на поранешниот претседател Киро Глигоров дека Макдонија е сè што имаме.
„Прочитав дека е потенцијален кандидат за претседател, професорката Силјановска го цитираше Киро Глигорова, односно името на неговата книга: Македонија е сè што имаме “. Добро се сетила. И време беше.
Предупредувам од далечина повторно да се прочитаат сите книги на Глигоров: „Македонија е сè што имаме“, „Атентат … денот потоа“, „Насилното време“, за да го разбереме македонското современо и дамнешно минато. Во дружењето со овој голем Македонец научив повеќе за Македонија отколку од сите книги што ги прочитав.
Затоа, ДА, Македонија е сè што имате!“, порача Калоѓера.





