Полицајци претепани во Шуто Оризари (ВИДЕО)

Двајца полициски службеници биле претепани во синоќешниот инцидент во скопската населба Шуто Оризари.



Едниот е во животна опасност, дознаваат медиуми.

Полицајците, кои не биле на должност, со приватен автомобил биле во населбата Шуто Оризари. Дел oд присутните граѓани мислеле дека тие се киднапери и почнале тепачка, бидејќи претходно, во истата населба било пријавено дека непознати луѓе, насилно внеле во автомобил женско лице.

Насобраните ги нападнале лицата кои биле во возилото.

Од МВР информираат дека немало пријава за исчезната девојка од ниту едно семејство.