Катругалос: Преспански договор сè уште не е во сила

Aлтернативниот министер за надворешни работи на Грција, во интервјуто за грчкото радио „Њуз 247“, објасни дека договорот од Преспа не е стапен во сила, а правно и формално ќе стапни во сила по ратификација на протоколот за членство во НАТО од страна на грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина.



„Целосното формално стапување во сила на договорот ќе се случи по ратификацијата од наша страна на протоколот за членство.

Според тоа ќе постои еден мал временски период во кој, иако е изгласан договорот, формално и правно не е во сила“ изјави Јоргос Катругалос во врска со реакциите во грчките медиуми дека македонскиот премиер се уште го користи името Македонија.