„Влада која сите свои капацитети ги вложува во силна економија и која создава шанса за сите граѓани не размислува за оставка, туку за интерeсите на граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ по денешната изјава кој побара распуштање на Собранието, предвремени избори и оставка на владата на Зоран Заев.
„Економскиот поход на Владата предводена од СДСМ го тера Мицкоски на панични партиски реакции затоа што тој размислува само за својот и за интересот на неговите антизападни ментори.После поразот на следните избори, нека размислува за сопствената оставка“ се вели во реакцијата.





