„Илина е премногу мала за да ја прими МРП вакцината, има само 5 месеци. Тој ден прими друга вакцина, која е по редовниот календар за имунизација.
Во објавата никаде не стоеше дека е вакцинирана со МРП вакцина. Не ја лажам јавноста, ниту ја доведувам во заблуда“, изјавил денеска министерот за здравсво венко Филишче откако во интервју за Радио Слободна Европа призна дека не ја вакцинирал 5 месечната внука Илина против морбили.
Филипче вели дека toga[ идејата била да се покаже дека сите вакцини, не само оние за МРП се безбедни и квалитетни.
„Утрово во амбулантата Млин Балкан ја вакциниравме мојата внука Илина. Вакцините се безбедни, ефикасни и нѐ заштитуваат од разни болести“ беше текстот постиран на 10 јануари на Фејсбук профилот на министерот под фотографијата со внуката Илина.
Според редовниот календар за имунизација МРП вакцината децата ја примаат на 13 месечна возраст, пишува порталот „Сакам да кажам“.





