При контролата на МВР во пет угостителски објекти во Тетово и Гостивар биле затекнати 39 женски лица, од кои 13 од Македонија, а 26 биле странски државјанки.
Странските државјанки на возраст од 20 до 46 години биле приведени поради нелегален престој, а и нелегално биле вработени.
Од нив 11 биле државјанки на Србија, девет на Албанија, четири на Бугарија и по една државјанка на Босна и Херцеговина и на Косово.





