Министерот за здравство, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа вели дека „вакцинирањето“ на неговата внука имало за цел да се уверат родителите дека вакцините за нивните деца се безбедни.
„Секогаш е добро да се покаже со личен пример дека нешто е вистина, дека нешто е вистински чекор и дека нешто е вистинска политика.
И во таа насока беше вакцинирањето на мојата мала внука, која е се уште мала и не може да биде вакцинирана од МРП, меѓутоа и објавата беше во насока на тоа дека ние како здравствени власти ги уверуваме сите граѓани, родителите на малите деца дека вакцините се безбедни.
Процесот на вакцинација е апсолутно безбеден, дека тоа е вистинска инвестиција во здравјето на децата. Мојот чин беше во однос на сите овие аргументи“ , вели министерот Филипче.
На коментарот на новинарот дека јавноста реагирала бидејќи „не се прават кампањи со делумни информации, затоа што иглата при вакцинацијата била со капаче“, министерот вели:
„Станува збор за еден адаптер кој се надоврзува на шприцот и потоа е иглата, очигледно беше таков аголот на сликање па иглата не се гледаше…“





