Професорката Тања Каракамишева ја анализира можноста Македонија и со променето име да остане надвор од НАТО.
Своите дилеми Каракамишева ги базира на можноста новиот грчки парламент кој ќе се конституира пред влезот во НАТО кој треба да се случи догодина напролет да одбие да даде зелено светло за прием на Македонија во алијансата.

Таа го прашува премиерот Заев што ќе прави во таков случај.
“По се поочигледната победа на Мицотакис на изборите оваа година, новиот состав во Грчкиот парламент може да не го дозволи пристапувањето на РСМ во НАТО! Исто како и Турскиот, Унгарскиот и др.парламенти…Зоран Заев МОРА ДА ИМ ОДГОВОРИ на граѓаните што ќе прави со сменето име”, пишува Каракамишева.
Грција допрва треба да го изгласа протоколот за прием на Македонија во НАТО. Засега нема најава кога протоколот би бил ставен на дневен ред на грчкиот парламент.
Вчера одгворниот за надворешна политика во Неа Демократија Јоргос Кумуцакос реагирајќи на неспоменување на Северна од атрана на Турција Македонија ја спомена како идна членка на НАТО.




