„Ете го Павле, веднаш спроведува Преспански договор, со позитивни мисли – како во онаа глупата психологија за аматери!



Сме биле НАЈМЛАДА држава во регионот, и тоа на северот?!

А Косово, Павле!?- реагира професорката Биљана Ванковска на пост на Фејсбук на членот на партијата „Виножито“ кој го поздравува преспанскиот.

На „ Македонската држава на северот…Павле Воскопулос-Филипов ѝ посака „. …најмладата држава на Балканот, да биде напредна (држава и општеството), прогресивен и позитивен пример за другите балкански држави“ 
„Терај си ти таму во Грција, ама те молам немој веќе нас да не’ браниш и унапредуваш! Срамота е, му порача Вановска.