Споменувањето на Мирка Гинова и граѓанската војна во Грција во која учествуваа и Македонци од страна на Ципрас не може да биде оправдување за Преспанскиот договор но покажува дека еден немакедонец има повеќе почит од македонецот Заев за Македонија.
Овој заклучок го дава професорот Љубомир Цуцуловски во свој коментар.
“За разлика од Заев, Алексис Ципрас (Грк по потекло!) без каков било комплекс ја спомна Граѓанската војна во Грција (1946-1949) во која заедно се бореа македонските и грчките партизани/комунисти; бегалците од Војната; недоличното однесување на грчката држава кон Македонците во 1983 година, кога не го дозволи враќањето на имотите; Словарот/Букварот на (славо)македонски јазик; ги потсети сегашните грчки комунисти дека некогаш заедно, раме до раме, се бореле со Македонците; ги потсети на Мирка Гинова…
За разлика од него, Заев никогаш не се осмели, ниту ќе се осмели, било што да изусти од она на кое гласно постети Алексис Ципрас, бидејќи за Заев недостојно било да се биде патриот. За разлика од Ципрас, Шарените го испоганија едно од обележјата (на Порта Македонија) посветено на децата бегалци.
Тогаш, како е можно да се направи било каква споредба меѓу Заев и Алексис Ципрас, бидејќи се работи за неспоредливи величини? Излегува дека поголема почит кон Македонците и кон нивната историја, имаат некои немакедонци од некои Македонци.
Меѓутоа, признанието на Ципрас, колку и да е достојно за почит, не може да биде оправдување или прифаќање на Преспанскиот договор. Сепак, ova мора да се нагласи, Ципрас кажа многу повеќе за Македонците од многу Македонци по етничко потекло”, пишува Цуцуловски на својот Фејсбук профил.





