Бугарскиот премиер Бојко Борисов испратил џипови за македонската делегација предводена од премиерот Зоран Заев која вечерва патува од Софија за Скопје дознава „Либертас“.
Поради снежното невреме, авионот со кој делегацијата патуваше од Давос не можеше да слета на скопскиот аеродром по што беше пренасочен во Софија.
По пристигнувањето во Скопје Заев се очекува да се упати во партсикото седиште на СДСМ, каде Централниот Одбор, како што е најавено треба да донесе одлука дали ќе има предвремени парламентарни избори заедно со претседателските во април.





