Според министерот за здравство лекарката што замина на Хвар, во гратчето Суќурај, за плата стан и годишен бонус од 6.800 евра не направила добар избор.



„Мислам дека начинот не е добар, и веднаш ќе ви објаснам зошто сметам дека не е добар. Станува збор за многу мало место. Ја прочитав објавената сторија, меѓутоа станува збор за некое место кое има многу мал број на жители.

Практично капацитетот на таа докторка нема да биде искористен, затоа што нема фреквенција на давање на медицинска услуга“, изјави министерот Филипче.