„Не сакам да ја критикувам КПГ врз основа на нејзината историја. Но ќе го споменам славомакедонскиот буквар, којшто членовите на КПГ го делеа во Ташкент на децата на славомакдонските борци на ДАГ. Не сакам да ги споменам ниту 70.000 бегалци од Граѓанската војна, на кои грчката држава им ја ускрати репатријацијата во 1983 година.
Ниту Славомакедонката Мирка Гинова – комунист, која беше првата жена стрелана во Граѓанската војна во Грција. Со тие грижи што ги носите на совест ве оставам сами да се соочите“, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во острата критики кон Комунистичката партија која се спротивставува на Договорот од Преспа, пренесе МИА.
„Како КПГ смета дека грчката држава би можела и би требала да ја признае оваа земја? Како? Со кое име? Со кое име? Како ќе ги викаме овие луѓе Што велите? Ни велите дека терминот „Македонија“, самото нивно име е иредентизам. Или јас не го читав добро Ленин кога бев мал или вие нешто не правите како што треба“, рече Ципрас во неговиот говор.




