Меѓународната заедница денеска ги зазема очекуваните позиции во врска со настаните во Венецуела: по САД и други земји го признаа лидерот на опозицијата Хуан Гваидо за претседател на земјата.
Руисија, Кина, Иран, Сирија и Турција застанаа на ставот дека , актуелниот претседател Николас Мадуро е шеф на државата.
Гваидо, кој е претседател на Парламентот на Венецуела, единствена институција под контрола на опозицијата, на вчерашните протести се прогласи за „преоден претседател“ на земјата.
Мадуро, наследник на починатиот Хуго Чавез, пред две недели положи заклетва за вториот шестгодишен мандат по победата на изборите во мај 2018, и покрај големата економска криза и хиперинфлацијата.
ПОради тешката ситуација во земјата, од Венецуела побегнале три милиони луѓе, а ОН проценуваат дека до крајот на годинава бројот на бегалци би можел да надмине пет милиони.
Агенции јавуваат за антивладини протести,и за 12 загинати, а западните земји застанаа зад стотиците илјади демонстранти, кои ја поддржуваат опозицијата и Хуан Гваидо.
Гваидо, 35 годишен инженер, школуван во САД, за претседателт на Народното собрание беше избран во почетокот на јануари.
Освен од САД и Канада, тој има поддршка и од Аргентина, Бразил, Чиле, Колумбија, Костарика, Гватемала, Хондурас, Парагвај, Перу, Еквадор и од европски држави.
Францускиот претседател Емануел Макрон ја пофали храброста на жителите на Венецуела, кои се борат за слобода, а минатогодишната победа на Мадуро на изборите ја нарече незаконска, пренесува Ројтерс.
И од кабинетот на британскиот премиер Тереза Мај, соопштија дека гласањето не било фер и му давааст поддршка на Гваидо.
Коментирајќи ги реакциите на САД во врска со ситуацијата во Венецуела, Москва објави дека спомнувањето на „воена интервенција во Венецуела“ е многу опасно.
„Обидот за соборување на владата во Венецуела го третираме како повреда на основите на меѓународното право. Мадуро е легитимен шеф на државата“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додека портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова критикуваше земјите кои изразија поддршка на Гваидо.
Венецуела, според податоците на ОПЕК, има најголеми резерви на нафта во светот, но во моментов има стапка на инфлација од над еден милион проценти, а граѓаните се соочуваат со недостиг на храна и лекови.
Мадуро тврди дека неговата земја е жртва на „економска војна“, откако САД во неколку наврати воведе економски санкции.
Мадуро го освои вториот мандат на изборите во 2018 година, кои опозицијата го бојкотираше.





