Членови на грчката комунистичка партија (ККЕ) утрово поставиле транспаренти против Преспанскиот договор.
На транспарентите напишани на англиски и на грчки јази стои порака „НЕ на договорот Ципрас – Заев, на плановите на САД, НАТО и Европската унија и на иредентизмот и национализмот.
„ДА на пријателство – солидарност и заедничка борба на народите“, стои на вториот транспарент.
ККЕ најави протести вечерва во 18,30 часот во Атина, Солун и Лариса.





