Утеха: Ако поскапи животот, ќе растат и пензиите!?

Наместо како порано, кога пензиите се усогласуваа сперод растот на платите и според трошоците на живот, од сега усогласувањето ќе се врши само врз основа на порастот животните трошоци..



Ова е предвидено со законските измени изгласани на крајот на 2018 и усогласувањето „нагоре“ би се вршело два пати во годината.

Но, на зголемување на пензиите, пензионерите ќе можат да се надеваат само ако економијата порасне за над 4 отсто.

Растот на економијата во изминативе години, не ветува многу.

Од вкупно 320 илјади пензионери во земјата, дури 170 илјади имаат пензија под просечната која изнесува 14.700 денари, а околу 80 илјади примаат пензија под 9 илјади денари.

Лани трошоците на живот пораснале за 1,5 отсто и овој процент би бил основа за зголемувањето на пензиите.

Платите кои пораснаа за 5 и пол проценти, нема да влезат во пресметките.