Седниците ќе ги води на албански, најави Џафери

Спикерот на македонскиот парламент најави дека некаде при крајот на месецов, ќе почне да ги води седниците на Собранието на албански јазик.



Албанскиот јазик, како службен јазик во законодавниот дом, ќе се користи отакако собраниските служби ќе се подготват за тоа.

„Јас сум ги користел комбинирано двата јазика уште од 2017 кога бев избран. И кога немаше закон ја водев седницата комбинирано. Немало пречка околу тоа. Но, како законодавен дом, мораме да почекаме законски да се имплементира“ вели Талат Џафери

Законот за употреба на јазиците беше објавен во Службен весник на РМ на 14 јануари годинава само со потпис на Џафери.