Раздор во СЈО, Јанева – Стефанова контра Фетаи – Ристовска

Три и пол години по формирањето, целосен судски епилог има за само два случаи, а сè погласни се шпекулациите дека во СЈО владее поделеност на обвинителите во табори кои меѓусебно не се согласуваат за делувањето на ова Обвинителств, пишува во своето истражување – анализа за специјалното обвинителство агенцијата Макфакс.мк



Според анализата трите жени кои беа симбол за СЈО ретко може се видат заедно во јавноста, а речиси една година Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи не даваат заеднички изјави.

Според извори на Макфакс со слични ставови на една страна биле обвинителките Катица Јанева и Лиле Стефанова, а на друга страна Ленче Ристоска и Фатиме Фетаи.

Во анализата на Макфакс се потсетува дека синот на Јанева, Лазар, е вработен како директор на правна служба во 1ТВ каде таа повторно ќе гостува во вторник.

Текстот се објавува по засилените шпекулации дека на СДСМ повеќе не му е потребно специјалното обвинителство по завршените уставни промени.

Целата анализа за СЈО