Продолжува конфликтот меѓу СДСМ и ДУИ

По неколкуте јавни конфликти меѓу вицепремиерот Османи и СДСМ и лидерот на ДУИ, Али Ахмети се вклучи во тивката војна меѓу коалиционите партнери.



Тој денес вели дека до Венецијанската комисија за проверка се испратени само делови од Законот за јазици за кои се договорите со коалициониот партнер.

Со оваа изјава Ахмети ги демантира вчерашните тврдења на премиерот Заев дека целиот закон е испратен до Венецијанската комисија.

“Испратен е само делот за кој се договоривме. Тоа се две прашања за кои се договоривме, банкнотите и хартиите од вредност, и аблемите на војската и полоцијата. Јас не знам зошто сето ова се политизира и станува медиумска тема кога е познато дека законот е договорен со коалиционите партнери и е усвоен со потребното мнозинство. Треба да се знае дека за поништување или укинување на еден закон потребно е бадинтерово мнозинство”, им порачува Ахмети на коалиционите партнери.

Предходно Заев го обвини Ахмети за триумфализам затоа што по законот за јазици јавно “леташе орел”.

Кои се другите конфликти деновиве меѓу СДСМ и ДУИ?

Судир меѓу ДУИ и СДСМ, владата во криза