Нимиц предупредува: Се закануваат опасни последици ако Атина не го потпише договорот

Медијаторот во спорот за името поставен од Обединетите нации, Метју Нимиц, предупредува дека пропаста на Преспанскиот договор ќе има опасни последици за Македонија и Грција на кои ќе им требаат години за да дојдат до нов договор.



Нимиц не открива кои се последиците но предходно тој постојано говореше за безбедносни аспекти на спорот.

„Ако Преспанскиот договор не стапи во сила, последиците од неуспехот ќе бидат длабоки и двете страни би можеле да се предомислат во врска со многу работи околу кои се договориле. Можам да предвидам повеќе сценарија, од кои некои се многу опасни“, изјави Нимиц пренесуваат грчки портали.

Нимиц смета дека ако двете земји седнат на нови преговори на маса ќе се најдат нови прашања за кои што треба да се бараат решенија а ќе се отворат и стари теми за кои сега има договор.