Судир меѓу ДУИ и СДСМ, владата во криза

За само три дена претставниците на СДСМ и ДУИ влегоа во четири сериозни јавни конфликти што наведува на сериозна криза во владата.



Најпрвин вицепремиерот Османи го демантираше соопштението на владината прес служба во кое пишуваше дека ќе нема дополнителни трошоци и нови вработувања за спроведување на Законот за јазици.

Следниот скриен конфликт кој не беше забележан од јавноста се случи кога Османи формираше работна група за спроведување на Законот за јазици составена само од членови на ДУИ без претставници на СДСМ.

Веднаш потоа владата и врати на ДУИ со испраќање на Законот до Венецијанската комисија иако Османи предходно изјави јавно дека се додека професорката Каракамишева е член на комисијата, законот нема да се праќа.

На крајот вчера се случи срамот со
Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими кој одби да одговара на македонски јазик на прашањата на новинарите во македонскиот законодавен дом.

Иако беше прашуван на македонски Алими одговорите ги даваше само на албански јазик а на претставникот на коалицијата на СДСМ лидерот на ЛДП Горан Милевски на пресот му идеше да пропадне во земја од понижувањето од Алими.

Дека има криза меѓу СДСМ и ДУИ вчера навести и премиерот Заев во емисијата 200 на Алсат на која ја обвини ДУИ за национализам и триумфализам во врска со законот за јазици.

Познавачи на состојбите сметаат дека по спроведување на Тиранската платформа ДУИ веќе нема зошто да продолжи да функционира во влада која што нема никаков друг резултат.

За нив, од тоа што се гледа јавно, постои сериозен потенцијал за судир меѓу двете партии но не исклучуваат и дека се работи за фингиран конфликт во Владата за да може во предизборната кампања ДУИ да го зголеми нивото на националистичка реторика со цел да парира на национализмот на Алијансата за Албанците и БЕСА.