Прашањата за државјанство и јазикот на Втората страна потписник на Преспнскиот договор ќе  бидат во фокусот на битката меѓу владата и Неа демократија во дебатата која во четврток треба да финишира со ратификација во грчкиот парламент.



„Вербалната нота од македонското Министерство за надворешни работи до Грчката канцеларија за врски во Скопје содржи две појаснувања, за терминот ‘националност’, но и за предметот ‘македонски јазик’“, пишува „То Вима“.

„Што се однесува до првото разјаснување, македонското Министерство за надворешни работи истакнува дека ‘според писмото и духот на договорот (Преспа), се подразбира дека поимот ‘ националност’ на Втората страна (пјРМ) дефиниран во член 1 (3) (б) од Договорот како ‘македонско / државјанин на Република Северна Македонија’ се однесува исклучиво на државјанството и не пропишува или предодредува етничката врска / етничка припадност, како што е дефинирано во член 2 (2 ) од Уставниот закон за спроведување на амандмани XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI од Уставот на Република Македонија “.

Второто појаснување, за јазикот, кое се заснова на членот 1 (3) (в) и член 7, нагласувајќи ги ставовите (3) и (4) од Преспанскиот договор, објаснува дека ‘македонскиот јазик’ се однесува на службениот јазик на Втората страна признат на Третата конференција за стандардизација на географските називи, која се одржа во Атина во 1977 година, и кој припаѓа на групата јужнословенски јазици“, пишува весникот.