Каменос на Ципрас: Екстремистите те направија премиер

Во негов стил, поранешниот министер за одбрана и лидер на „Независни Грци“, Панос Каменос, реагираше на соопштението на владата дека екстремисти се виновни за вчерашниот хаос на протестот во Атина кога полицијата употреби солзавец .



Каменос на „Твитер“ постираше слика со замислен дијалог во кој Ципрас вели: Екстремисти одат на протести“, а Каменос одговара:„Оние кои Ве направија премиер“.

Реакција имаше и од лидерот на најголемата опозициска партија Неа демократија, Кирјакос Мицотакис:

„Денес, грчкиот народ зборуваше и сите мораме да го послушаме. Владата, која потпиша договор против националните чувства, ги нападна мирните демонстранти со солзавец за да ги растури протестот. Ќе побараме (истрага) што се случи денес“, напиша Мицотакис на „Твитер“.

Меѓу 60 и 100.000 луѓе присуствуваа на вчерашниот протест во Атина на кој изразија несогласување со Договорот од Преспа.