Скопје прогласи бесплатен превоз, ЈСП крие, граѓаните плаќаат

Возачите на автобусите на скопското јавно претпријатие немаат наредба да ги информираат граѓаните дека овие два дена превозот е бесплатен поради аерозагадувањето.



Како резултат на овој протокол на ЈСП граѓаните продолжуваат да плаќаат иако не мораат.

Новинарот на 24 Вести Сунаи Сабриоски открива дека возачите немаат обврска да ги информираат граѓаните.

“Влегувам во автобус бр.23, пред мене 5-6 луѓе се куцаат со Скопски картички. Му се обраќам на шоферот со нели превозот е бесплатен добивам одговор ДА. Го прашувам зошто не стави инфо на апаратот и добивам одговор па тоа не е моја работа. И така превозот стана бесплатен а владава се пофали дека учениците поради загадениот воздух им дава гратис 2 дена ?”, пишува Сабриоски кому не му е јасен односот на ЈСП и нивните возачи во услови на елементарна непогода со аерозагадувањето кое Скопје го направи најзагаден град во светот.