Грчки медиуми пишуваат за срамно однесување на полицијата и споделуваат слики и снимки од мерките употребени да се попречи протестот во Атина.
Полицијата проценува дека има околу 60.000 на плоштадот „Синтагма“.
Набргу откако митингот започна полиција употреби солзавец за да ги растера мала група маскирани и насилни демонстранти пред парламентот.
Прекумерната употреба на хемикалии од страна на полицијата предизвика паника, се онесвестува стари лица и мали деца а луѓе бегаа на сите страни за да можат да дишат.
Ситуацијата пред парламентот е тензична а полицијата употреби и шок бомби да ги одврати оне кои се обидуваат да поминат преку барикадите.











