По повод денешниот верски празник Богојавление – Водици, премиерот Зоран Заев упати писмо со честитки до поглаварот на МПЦ- Охридска архиепископија и до сите православни верници во Република Македонија во кое упатува желби големиот христијански празник на сите да им донесе изобилство од радост, здравје и успеси.



„Празникот Богојавление – Водици повикува да се очистиме од гревовите на алчноста, од гревовите на гневот и омразата.

Со крштевањето во осветените води, празникот не повикува да ја прифатиме духовната зрелост, да си простиме, и смирено и со љубов да си посакаме добра волја како влог за подобро утре.

Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление – Водици“, се вели во писмото со честитки од премиерот Заев.